Услови за купување преку Интернет

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ГРЕЕСТОРЕ ГРОУП

ВНИМАНИЕ! Ве молиме внимателно да ги прочитате правилата и условите, пред користење на веб страницата. Ако пристапувате на веб страницата, ќе сметаме дека се сoгласувате со општите правила. Ако НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ со условите, не пристапувајте на веб страницата.

Tековните услови важат за односите меѓу “Греесторе Гроуп” (во текстот подолу Греесторе) oд една страна, и корисниците на електронски (Интернет) веб страници и услуги кои се наоѓаат на доменот mall.gree.com.mk и неговите поддомени (исто така наречени веб страници) од друга страна; како и односите на горенаведените при користење на информации и трговски услуги понудени од страна на “Греесторе Гроуп” (исто така, наречени Услуги).

Овие услови и правила се однесуваат на сите клиенти. Со кликнување на секој предмет, линк или копче на веб страницата на Греесторе (со исклучок на линкот на тековните Општи услуги), Купувачот се согласува, целосно ги прифаќа и е должен да ги следи тековните Општи услови. 

“Греесторе Гроуп” е компанија регистрирана со Законот за трговија на Република Македонија, со седиште во Скопје, на ул.Владимир Полежиновски бр.9; со Матичен број: 7070977 , Даночен број: MK4080015554400 .

Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на Веб страницата се приложуваат “како што се”, и, исто така, го прифаќаат фактот дека Греесторе не превзема никаква одговорност за точноста, извршувањето и неможноста за давање на било какви информации во врска со направени нарачки од купувачите, мислење или оценки за производите од негови или други купувачи, информации за производи кои не се на промоција, како и предизвикани штети, пропуштени прилики и други загуби, кои се појавиле подоцна, како резултат на користење или по употреба на производот (или неможност за користење поради технички причини, или одлуки направени од страна на администраторот, и тн.) на Веб страницата. Во случаи кога како резултат на користење на Веб страницата и материјалите на Веб страницата, дојде до предизвикување на штети кои ќе доведат до потреба од сервисирање на било која информација содржана на Веб страницата, корисникот ја презема целата одговорност и трошоци поврзани со елиминирање на предизвиканата штета. За да се користи Веб страницата, Купувачот мора да има пристап до Интернет, директно или преку друг уред кој има пристап до Интернет. Купувачот исто така, треба да ги има сите потребни уреди за да пристапи на Интернет, вклучувајќи компјутер, модем или друг производ кој обезбедува пристап до Интернет. Греесторе само обезбедува информации на Веб страницата и не превзема никаква одговорност за нарушувањата или техничките проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кои ја попречуваат употребата на Веб страницата. 

Кога се користи Веб страница, Корисникот е обврзан да обезбеди точни, прецизни и целосни лични информации кога ќе го пополнува формуларот за регистрација (понатаму во текстот „Лични податоци“); Во случај кога Корисникот ќе приложи лажни, неточни или некомплетни податоци, Греесторе го задржува правото да ги поништи и/или прекине информациите за неговата поштенска адреса и да го одбие неговиот пристап до дел или до сите услуги во иднина. 

Според Законот за заштита на личните податоци, Корисникот го задржува правото да пристапи до сопствените Лични податоци, како и да изврши корекција и промена на податоците кои ги приложил и кои станале сопственост на Греесторе со самото користење на Веб страницата. Со прифаќање на тековните Услови, Корисниците кои веќе ги приложиле своите податоци во формуларот за регистрација, се согласуваат Личните податоци да бидат обработени од Греесторе по веб распоред за испорака на производите и услугите, и кога е потребна помош од вработен од Греесторе. Сите доброволно споделени Лични податоци или други податоци од корисникот, кои го идентификуваат во процесот на користење на Веб страницата ќе бидат сочувани, обработени и користени од страна на Греесторе за целите за одржување на одредени функции на приложените услуги и рекламирање на производите и услугите понудени на комерцијалната мрежа на Греесторе. Греесторе експлицитно изјавува дека Личните податоци кои Корисниците ги приложиле нема да бидат давани на трети лица за рекламирање или промотивни цели. Греесторе го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентите во случај на спроведување на законот, законските постапки и одржување на тековните услови. 

Греесторе им дозволува на корисниците да ги користат сите услуги на Веб страницата само за нивни лични потреби со некомерцијални цели, во случај кога тие не ги прекршуваат авторските права на Греесторе или трети лица директно или индиректно поврзани со материјалите и информациите објавени на Веб страницата. Промена на материјалите на Веб страницата е забрането, како и копирање, јавно прикажување и ширење, или приложување на материјалите во социјални или комерцијални цели. Користење на материјалите на оваа Интернет страница на други веб страници е забрането. Греесторе го задржува правото да им даде права за објавување на материјали, делови од информациите на Веб страницата на трети лица со дополнително склучување на договор во писмена форма кој ги уредува правата и обврските меѓу Греесторе и третата страна која ќе ја објави информацијата. При купување на производи кои се предмет на авторски права или патенти, Греесторе нема обврска да дава дополнителни права за користење и објавување, освен приложените права или лиценци од производителот/дистрибутерот на производот. Сите производи и услуги кои Греесторе ги нуди на своите корисници, се заштитени со законот за Авторски права и слични права во нивниот оригинален изглед и пакување без влијание на Греесторе, и според лиценците и правата за објавување од нивните производители/дистрибутер во Македонија. Линковите приложени на Веб страницата на Греесторе кои водат кон други веб страници кои се во сопственост на трети лица се објавени само за поголема помош на корисникот. Кога користитат вакви линкови, по користењето на овие линкови корисниците треба да имаат во предвид дека сегашните Услови и Правила повеќе нема да важат.Греесторе не ги контролира овие веб страници и не презема никаква одговорност за содржината на било кој од нив. На овој начин, Греесторе не се обврзува и не ги препорачува овие веб страници на корисниците, ниту информациите кои се објавени на нив. Посетата на овие веб страници и сите поврзани опасности се во целосна одговорност на корисникот. 

Информациите за производите на Веб страницата се понудени во класи и подкласи; Веб страницата дава информации за цената, главните карактеристики и дополнителни информации на производот, со цел да се обезбеди најголем избор на информации по избор на купувачот. Греесторе не презема одговорност за неправилниот опис на артиклите, што не е поврзано со нивните главни карактеристики. Греесторе го задржува правото да објавува имиња, модели и други информации за производот на Англиски, кога: a) Постои ризик дека вредни информации ќе бидат изгубени со самиот превод. b) Не постои иста или слична терминологија на Македонски јазик. c) Производот самиот носи информација на Англиски, на пр., софтвер, музика, филмови на Англиски јазик. Сите цени на Веб страницата се во Македонски денар со вклучен данок. Во случај кога производот има неколку модификации, Веб страницата ќе ја прикаже цената на секоја од нив. Греесторе има право да прави промени на објавените информации за производот, услугите и цените во било кое време и без претходна најава. Некои од овие промени нема да бидат ажурирани и Греесторе не презема одговорност да ги актуелизира. Можно е дел од информација објавена на Веб страницата да биде поврзана со друг производ, услуги или програми кои не се достапни во моментот. 

Купувачот има право да купува производи и услуги понудени од Греесторе. Кога прави нарачка, купувачот може да избере производ, количина, услови на испорака според можностите понудени на Веб страницата. Купувачот може да го смени избраниот производ и услуги во било кое време пред да го реализира плаќањето. Кога прави нарачка на Веб страницата, купувачот склопува договор со “Греесторе Гроуп”, што се однесува на одредена точка, рокови и услови. Купувањето се финализира по поднесувањето на согласност со упатствата на веб страницата. Греесторе го задржува правото да ги менува цените по сопствена волја, во секое време, без известување на купувачите. Купувачот е обврзан да ја плати цената кој била понудена на веб страницата кога било направено купувањето, без разлика на фактот дека тековната цена може да биде пониска или повисока. Во случај на технички проблеми на објавување на Веб страницата, Греесторе има право да го одбие комплетирањето на постапката за купување и нема да му должи рефундирање на купувачот на било каков начин, освен враќање на парите платени од купувачот до тековниот момент.

Испораката на купените производи ќе биде направена според начинот и условите избрани од Купувачот. Греесторе го задржува правото да го продолжи периодот на испорака не повеќе од 7 дена без да го извести купувачот, и повеќе од 7 дена со договор со купувачот. Греесторе има право да го смени под-испорачателот кој ќе ја прави испораката без да го извести купувачот, сè додека важат истите услови и правила. Цената за испорака е 0,00 ден. до било кое место на територијата на Република Македонија, независно од видот на стоката и бројот на продуктите во една порачка.  Испораката е до влезот на зградата, куќата на адресата наведена во порачката.

Кога Купувачот ќе изврши банкарски трансфер, тој е обврзан да префрли износ еднаков на цената на купениот производ на сметка на “Греесторе Гроуп”, наведено на генерираната фактура, и веднаш откако ќе биде потврдена уплатата, ќе се активира постапката за испорака. Во случај кога купувачот ги враќа делумно или целосно купените производи не повеќе од една недела од датумот на испорака, Греесторе е обврзан да му ги врати парите делумно или целосно на купувачот. Во случај кога купувачот не ги враќа производите, Греесторе автоматски го прифаќа депозитот како плаќање на производите или услугите.Кога Купувачот плаќа преку виртуелна точка на продажба (ПОС) терминал, тој е обврзан да префрли полн износ еднаков на цената на производот преку ПОС апаратот, и веднаш откако ќе биде потврдена уплатата, ќе се активира постапката за испорака.

Купувачот има право да врати еден или повеќе купени производи во период од 8 дена од датумот на испорака, со тоа што производот ќе биде во иста физичка состојба во која бил испорачан. Ако бил спакуван – амбалажата не смее да се отвара или оштети (пакетот со испорачаниот предмет може да се отвори) и сите етикети и ознаки чија намера е да покажат дека производот не е користен, не се оштетени. 

За секој купен производ  е под гаранција на Греесторе со издавање на гарантна изјава со датум и гарантни услови за производот. Гаранцијата ја губи важноста:a) Кога ќе ја загубите гарантната изјава; б) Кога има обид за поправка на производот од неовластен сервисен центар од Греесторе;в) Кога има оштетувања предизвикани од неправилна употреба;г) Кога е оштетен физичкиот изглед на производот;д) Ако има хемиско, електрично или друг вид на влијание врз производот, кој не е поврзан со начинот на правилна употреба на уредот.Гаранцијата не ги покрива компонентите на производот кои имаат ограничен рок на траење (батерии, додатоци, и сл.). Гарантните услуги се даваат во овластени центри, само во случај на целосна документација поврзана со производот и со сите негови карактеристики.  

Греесторе го задржува правото да ја смени технологијата и дизајнот на понудените услуги без претходна најава. Греесторе го задржува правото да испрати пораки и известувања до купувачите во врска со новите услуги, промоции, или други поврзани услови и правила на постоечките услуги. Греесторе ја уредува оваа Веб страница од неговите канцеларии во Скопје, Македонија. Греесторе не изјавува дека материјалите или услугите на оваа Веб страница се соодветни или достапни надвор од Македонија, и дали пристапот до нив од други региони е забранет или незаконски.Teхнички консултации се достапни преку Интернет на Веб страницата, или по телефон: од 9:00 до 17:00, од понеделник до петок. Тековните услови и правила можат да се обноват во било кое време без известување на Корисниците. Греесторе не презема одговорност ако Корисникот не ги прочитал важечките Услови и Правила. Кога користи услуги од Греесторе, корисникот е обврзан да ги почитува важечките услови и правила како и други услови, одредени од страна на законодавството на Република Македонија и меѓународното законодавство, дури и ако тие не се споменати во тековните услови. 

КУПУВАЧОТ СЕ СОГЛАСУВА СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ГРЕЕСТОРЕ СО КЛИКАЊЕ НА СЕКОЈ ОБЈЕКТ, ЛИНК ИЛИ КОПЧЕ КОЕ СЕ НАОЃА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ГРЕЕСТОРЕ (ОСВЕН ЛИНКОТ ЗА ТЕКОВНИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА), И ДЕКА Е ЗАПОЗНАЕН СО ОВИЕ УСЛОВИ, ГИ ПРИФАЌА И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА. 

Греесторе Гроуп, 1000 Скопје, Владимир Полежиновски бр. 9 , Тел. : +389 78 393624


Безбедно ON-LINE плаќање

Безбедноста за внесување и пренос на податоците на картичката се овозможува со криптирање на врската меѓу нашиот сервер и платежната страница на соодветната банка, поддржани од Интернационалниот Картичен Систем CaSys. 
– Автентичноста на вашата картичка се проверува со воведување на код за безбедност (CVV2)
– Како дополнување, за ваша идентификација како сопственик на картичката, платежниот сервер за електронска трговија на соодветната банка ги поддржува шемите за автентичност на меѓународните организации за картички – Veryfied byVISA и MasterCard SecureCode. Со самото регистирање можете да ги користите услугите за онлајн плаќање.
Картичките со кои можете да направите онлајн плаќање се: MasterCard, MasterCardElectronic, Maestro, Visa, Visa Electron, како и други картички кои се издадени од македонски банки, а кои на пластиката го немаат логото на Master или Visa.

Исто така, ве молиме да проверите во банката издавач на картичката, дали ви е овозможено да правите трансакции преку Интернет. 

Податоците кои клиентот треба да ги пополни за плаќање со картичка се: 
– Податоци за картичката (број, датум на важност, 3-цифрен код за безбедност(CVV2/CVC2), име на сопственикот, име на банката и тел.број на дежурниот центар на банката издавач на картичката 
– Податоци за автентичност (За идентификација на сопственикот, платежниот сервер за електронска трговија на соодветната банка ја поддржува шемата за автентичност на меѓународните организации за картички – Veryfied by VISA и MasterCard SecureCode. Во случај да сте регистрирани од вашата банка во таа шема за безбедност, на екранот ќе се појави страница каде што треба да ја внесете вашата лозинка.

ВАЖНО: Греесторе НЕ собира податоци за картичките, и како трговец немаме пристап до овие податоци. 

Контрола над овие податоци има само банката во чија сопственост е платежната картичка.

Трансакциона валута (во која се врши исплатата) е Македонски денар. 

При on-line плаќањето со картичка не е можно плаќање на рати, туку наеднаш на целиот износ на сметката.


Брза испорака до дома

Рокот за испорака до вашиот дом е во рамките на 24 часа до 7 работни дена од порачката, освен при празници. Можни се доцнења за кои ќе бидете известени од наш соработник.

Цената за испорака е 0 ден. до било кое место на територијата на Р.С. Македонија, независно од видот на стоката и бројот на продуктите во една порачка.

Додека ја формирате Вашата порачка за купување од онлајн продавницата, ќе видите поле „Време достава”. Во него може да наведете посакувано време за испорака и при можност од наша страна, ние ќе се прилагодиме со него.

Греесторе може да побара дополнителна потврда, вклучително по телефон, факс, е-пошта. Во случај да биде откажана горе бараната информација, тоа автоматски води до отказ на порачката со или без дополнителна информација.

Испораката е до влезот на зградата, куќата на адресата наведена во порачката.

Греесторе не сноси одговорност за доцнења во случај кога задоцнувањето е предизвикано од компанијата која ја врши испораката или поради причини независни од Греесторе.Веднаш по испораката, производите треба да бидат внимателно прегледани од страна на купувачот или лице ополномоштено од него. При евентуални оштетување, удари или други штети установени при испораката, потребно е штетата да се пријави во одделот за on-line продажба на е-маил mall@gree.com.mk или на телефон 078393624. При наведени невистинита или грешна адреса, лице за контакти и/или телефон при во порачката, Греесторе не е обврзан на какво и да било исполнување на истата.При предавање на производите, купувачот/клиентот или трето лице задолжително потпишуваат испратница и други придружни документи.За трето лице се смета секој, чие име не е наведено во порачката, но го прима производот на адресата наведена на порачката. Во случај, кога Клиентот не е достапен за исполнување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или не е обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, Греесторесе се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката.

Кога испорачаните производи не соодвествуваат на порачката, Клиентот може да побара производите да му бидат заменети со нови, доколку направи пријава во рок од 24 ч на маил адресата mall@gree.com.mk .

Потрошувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.

Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или фактурата или сметко потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот Греесторе нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

– да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или
– да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето (според Член 50 од ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ)


Услови за користење на веб страницата

Сите слики, текстови и/или графички дизајни на веб страницата, доколку не е поинаку определено, се заштитени со авторски права и можат да се користат само за цели наведени во условите за користење или во текстот на веб страницата без претходно писмено одобрување од страна на Греесторе Гроуп. Иако Греесторе Гроуп настојува, најдобро што може, да обезбеди точни и ажурирани информации на оваа веб страница, сепак оваа интернет страница служи само за информативен сервис без обврски. Од тие причини, податоците содржани во неа не можат да послужат како одредби од договор или гаранција, ниту пак ќе се превземе одговорност за точноста на дадените информации. Греесторе Гроуп не превзема обврска ниту одговорност за грешките или пропустите во содржината на веб страницата. Тоа се однесува особено за изгледот, техничките карактеристики на производите и прикажаните цени. Гарантирано точни податоци од овој тип купувачите можат да добијат во нашата малопродажна мрежа. Во случај на мрежна (он-лајн) продажба, купувачот е должен веднаш по испораката на купените производи да ги провери нивните технички карактеристики, и во случај тие да не соодветствуваат со објавените, да даде рекламација на производот во рок не подолг од 3 (три) дена сметано од датумот на испораката.

Содржината на страницата претставува рекламен материјал, а личната одговорност на секој корисник/гостин е да ја провери информацијата во смисла на нејзината точност, компатибилност, итн. Прелистувањето и користењето навеб страницата е на Ваш сопствен ризик. При испраќањето или на друг начин обезбедувањето материјал, без разлика во која форма или со која содржина, должни сте да се погрижите тој материјал да не е предмет на право на трети лица и да имате право на негово користење, или пак лицата кои можеби се наоѓаат на сликите или се споменуваат во текстовите да ја имаат дадено нивната согласност за користење. Понатаму, за било каква цел ГРЕЕСТОРЕ смеат слободно да ги користат идеите, концептите, знаењето или методите кои се дел од пораките што ги испраќате на веб страницата, вклучувајќи, но неограничувајќи се на развој, производство и продажба на производи користејќи ги овие информации. Со користењето на веб страницата, постои можност да дадете на Греесторе Гроуп конкретни информации за Вас и Вашето користење на веб страницата; во овој случај, не овластувате да ги анализираме овие информации. Го задржуваме правото да ги користиме овие информации за соодветни цели, вклучувајќи, но неограничувајќи се на поставување приватни веб страници или за маркетинг цели. Сликите на веб страницата на кои се прикажани лица или места се или сопственост на Греесторе Гроуп или се искористени со соодветна дозвола. Забрането е користење на овие слики од Ваша страна или други лица за цели поинакви од приватните, освен ако други одредби во овие услови за користење на веб страницата не дозволуваат такво користење или ако на друго место на веб страницата не се дозволува такво користење. Нелегалното користење на слики може да претставува кршење на авторските права, законот за трговските марки, личните права или правата на публицитет и законските регулативи за репродукција.

Трговските марки прикажани на оваа веб страница претставуваат интелектуална сопственост на Греесторе Гроуп и/или трети лица. Без претходна писмена дозвола, Греесторе Гроуп или трети лица, чија интелектуална сопственост е прикажана на веб страницата, нема да гарантираат било какви права врз содржината на веб страницата. Строго се забранува користењето на трговските марки прикажани на веб страницата или користењето на останатата содржина на веб страницата за цели поинакви од оние наведени во условите за користење на веб страницата. Греесторе Гроуп Ве предупредуваат дека ќе ги бранат своите права врз трговската марка без резерва,вклучувајќи и кривично гонење.

Греесторе Гроуп не ги прегледува веб страниците на кои преку линк се стигнува до оваа страница и другите наши страниции не е одговорна за содржината на веб страниците освен сопствената, ниту пак за содржината на веб страниците кои упатуваат на нејзината веб страница. Ако се упатувате на вебстраницата на Греесторе Гроуп или на други веб страници преку линк, тоа го правите на сопствен ризик и без одобрување од наша страна. Иако Греесторе, онаму каде што се бара, ги контролира и проверува дискусиите, четовите, подготвените новости, пораките, местата за објави или сличните места на веб страницата, не е обврзана тоа да го прави и не превзема никаква одговорност ниту обврска поврзана со содржината на комуникациските форуми, било да се работи за грешки, клевети, лажни обвиненија, пропусти, наштетување на репутација, непристојности, порнографија, религиозни навреди, опасности или неточности во информациите содржани во комуникациските форуми на веб страницата.

Забрането е да испраќате или подготвувате за испраќање незаконски,заканувачки, клеветнички, навредлив, непристоен,непријатен,провокативен, порнографски или погрден материјал или материјали, што претставува криминално однесување или повикува на криминално однесување или кршење на други законски одредби. Греесторе Гроуп во потполност ќе соработува со надлежните органи и судови кои ја повикуваат или и наложуваат на Греесторе да го открие идентитетот на лицето кое ја препратило информацијата или материјалот или ги испратилок ако такви преку пораки. Греесторе го задржува правото да го избрише недозволениот или непожелниот материјал без претходна најава. Софтверот и останатиот материјал симнат од оваа веб страница можеда биде предмет на извозни рестрикции на Р.С.Македонија.

ГРЕЕСТОРЕ во секое време го задржува правото да ги изменат тековните услови за користење на веб страницата со ажурирање на страницата. Вие сте обврзани да ги почитувате овие измени и затоа треба да пристапувате на страницата во редовни временски интервали, за да добиете информации за најновите услови за користење на веб страницата.