Политика за приватност и заштита на лични податоци

Грижата за клиентите и за нивната приватност претставува приоритет во Греесторе Гроуп.

Греесторе Гроуп користи високо безбедни системи за да осигуриме дека вашите лични информации што ни ги доверувате со користење на нашата веб-страница  (како што се информациите за најава или други лични информации) остануваат целосно заштитени.

Ние користиме безбедносен Secure Socket Layer (SSL) за криптирање на податоците. Ова ја гарантира безбедноста на вашите податоци.

Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да се собираат, користат одржуваат и обработуваат при посета на веб-страницата на Греесторе Гроуп, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации. Оваа Политика е во согласност со Правилата за заштита на личните податоци.

Информации кои ги собира Греесторе Гроуп при посета на веб-страницата:

• Информации со кои Вие се идентификувате при користење на производите и услугите на Греесторе Гроуп, односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме.

• Информации кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини ги користите, кои производи и услуги ги посетувате, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се Оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл.

• Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.

• Информации со физичката локација на вашиот уред. На пример, кога користите услуга локатор на најблиски подружници и сте дале согласност за споделување на вашата локација.

Како Греесторе Гроуп ги користи собраните податоци?

Греесторе Гроуп може да ги користи информациите кои ги собира поради повеќе причини, и тоа:

• Да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ, при што Ве идентификува;

• Да обезбеди грижа за клиентите;

• Да Ви побара мислење во врска со производите и услугите на Греесторе Гроуп и за спроведување анкети во врска со производите;

• Да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со Греесторе Гроуп и нејзините производи и услуги;

• Да реализира наградни игри, натпревари и други промотивни понуди;

• Да ја разгледа можноста за Ваше вработување доколку се обратите кај нас преку веб-сајтот и аплицирате за работа во Греесторе Гроуп;

• Помош при рекламација или проблем при користењето на производите и услугите. 

Дополнително собраните податоци се користат за:

• Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашиот веб-сајт, производи, услуги;

• Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;

• За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

Споделување на информации

Греесторе Гроуп не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон. Меѓународни трансфери на вашите информации во согласност со важечките прописи, а врз основа на Ваш налог/согласност при користење на производите и услугите на Греесторе Гроуп Вашите информации може да бидат пренесени во други земји.

Рекламни комуникации

При склучување деловен однос со Греесторе Гроупза користење на производите и услугите, Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и други комуникации преку пошта, e-mail пораки, телефон и/или текстуални пораки (SMS) од Греесторе Гроуп. Овие комуникации може да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги од Греесторе Гроуп. Добивањето на рекламен материјал и известувања од Греесторе Гроуп може да ги откажете во секое време, со поднесување писмена Изјава до Греесторе Гроуп. Ве молиме имајте предвид дека повремено може да Ви испраќаме важни информации во врска со производите и услугите на Греесторе Гроуп кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.

Што правиме ние за да ги заштитиме Вашите информации?

Греесторе Гроуп ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба.

Што треба да направите Вие за да ги заштитите вашите информации

Како општа најдобра практика на Интернет, Ви препорачуваме:

• Не користете лесни лозинки (како единечни зборови од речник);

• Не користете иста лозинка за повеќе сметки;

• Користете долги лозинки (најмалку 8 знаци, но се препорачуваат и подолги);

• Користете лозинки кои содржат комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци, на пр. $%^& и т.н.;

• Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги;

• Следете ги безбедносните препораки дадени од Греесторе Гроуп.

Пристап до вашите информации и Вашите права

Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Греесторе Гроуп, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете сѐ до Греесторе Гроуп. Доколку сакате да направите измена, надополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите до Греесторе Гроуп или тоа да го направите преку веб страницата Греесторе Гроуп. Ако мислите дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, може да се обратите до Греесторе Гроуп.

„Cookies“ и „web bugs“

Греесторе Гроуп користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт и e-mail комуникации, познати како „cookies“(колачиња) и „web bugs“. На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници селектирале важни елементи (како линкови или графика) од веб-сајтот или e-mail пораките на Греесторе Гроуп и да го препознаат пребарувачот следниот пат кога ќе го посетите нашиот веб-сајт. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на порталот на Греесторе Гроуп и сајтот на Греесторе Гроуп.

Кога прв пат ќе пристапите на mall.gree.com.mk ќе добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб страницата, изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии.

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб-страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Греесторе Гроуп. Ако не се согласувате со истата, Ве молиме не ја користите нашата веб-страница. Доколку имате какви било прашања во врска со Политиката за приватност на Греесторе Гроуп при користењето на нашата веб-страница, погледнете ги нашите Правила и услови за користење можете да не контактирате онлајн  greestore@gree.com.mk или на тел.+389 78393633.

Основни правила и принципи за заштита на личните податоци во Греесторе Гроуп

Заштитата на личните податоци Греесторе Гроуп ја обезбедува за своите комитенти, вработените и сите други субјекти на личните податоци (физички лица на кои се однесуваат обработените податоци), чии лични податоци по било кој основ (согласност, договор и др.) и на било кој начин (автоматизирано или рачно) се обработуваат во Греесторе Гроуп.

1. Личните податоци во Греесторе Гроуп се обработуваат во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.

2. Греесторе Гроуп ќе обезбеди целосна доверливост, интегритет и заштита на личните податоци, согласно законската регулатива и во согласност со одредбите од Правилникот за заштита на личните податоци на Греесторе Гроуп и определбите содржани во Политиката за сигурност на информативниот систем на Греесторе Гроуп. Греесторе Гроуп обезбедува реална обработка на личните податоци на субјектите. Личните податоци кои се собираат и обработуваат во Греесторе Гроуп ќе бидат соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат. Личните податоци во Греесторе Гроуп ќе се чуваат само за период кој е потребен за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани. Греесторе Гроуп ќе обезбеди личните податоци кои се собираат и обработуваат да бидат точни, целосни и ажурирани, а ќе ги избрише, односно ќе ги коригира неточните и неажурирани податоци во согласност со целта за која се обработуваат.

3. Обработка на лични податоци во Греесторе Гроуп по правило се врши врз основа на дадена согласност на субјектот на личните податоци. По исклучок, Греесторе Гроуп без посебна согласност од субјектот на личните податоци ќе обработува лични податоци кога обработката е потребна поради: извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или во случај на барање на субјектот на лични податоци, пред негово пристапување кон договорот; исполнување на законска обврска на Греесторе Гроуп и други случаи определени со закон. Единствениот матичен број на граѓанинот во Греесторе Гроуп се обработува врз основа на претходна согласност на субјектот на лични податоци или под услови утврдени со закон, заради идентификација на субјектот на лични податоции, остварување на правата или обврските на субјектот на лични податоци или на Греесторе Гроуп и во други случаи определени со закон. Греесторе Гроуп води сметка единствениот матичен број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.

4. Греесторе Гроуп врши пренос на лични податоци во други држави во случај кога субјектот на лични податоци изречно се согласил да се изврши пренос на податоците, кога преносот е неопходен заради склучување или исполнување на договор склучен во интерес на субјектот на лични податоци, како и меѓу Греесторе Гроуп и трето лице и други случаи под услови и по постапка утврдени со закон.

5. Субјектот на личните податоци има право на увид и исправка на податоците што Греесторе Гроуп ги обработува за него, освен во случаите предвидени со закон. Субјектот на лични податоци може со писмено барање да оствари увид во збирката на лични податоци, по претходно наведување на податоците од збирката со кои сака да се запознае. Писменото барање субјектот може да го достави на Греесторе Гроуп. Субјектот на личните податоци може да се информира дали и кои лични податоци што се однесуваат на него се обработуваат, целите и правниот основ на обработката на лични податоци, корисниците или категориите корисници, целта и правниот основ поради кои се дадени на користење личните податоци што се однесуваат на него и за изворите на лични податоци и кога се внесени и ажурирани. Греесторе Гроуп писмено ќе го извести субјектот на личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на писменото барање. Кога Греесторе Гроуп одговорил на барањето на субјектот на лични податоци за увид во неговите лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање. По барање на субјектот на лични податоци, Греесторе Гроуп ќе ги дополни, измени, избрише или ќе го сопре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка нѐ е во согласност со правилата на Греесторе Гроуп. Во случај кога Греесторе Гроуп ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, истите ќе ги дополни, измени или ќе ги избрише, независно од тоа дали субјектот на лични податоци има поднесено барање за дополнување или изменување на личните податоци. Правата и обврските на субјектот на личните податоци и на Греесторе Гроуп можат да се ограничат само на начин и под услови утврдени со закон.

6. Субјектот на личните податоци има право да се согласи или да нѐ се согласи со употреба на неговите лични податоци за комерцијални цели. Доколку субјектот на личните податоци нѐ се согласил, Греесторе Гроуп неговите лични податоци нема да ги користи за комерцијални цели. Субјектот на лични податоци има право во секое време да ја повлече дадената согласност за употреба на личните податоци за рекламни цели, со дополнително поднесување на барање до Греесторе Гроуп.

7. За да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци на субјектот, Греесторе Гроуп применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и адекватни административни, технички и физички мерки и контроли според воспоставените стандарди за сигурност на информативниот систем, соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат.

8. Одредени работи од својата надлежност во врска со обработката на лични податоци, Греесторе Гроуп може да ги пренесе на обработувач на збирка на лични податоци врз основа на склучен писмен договор со кој се уредуваат правата и обврските на договорните страни. Греесторе Гроуп постојано врши контрола дали превземените обврски се почитуваат.

9. Греесторе Гроуп ќе ги предаде личните податоци на користење на корисник, врз основа на писмено барање од корисникот, доколку тие се потребни за извршување на работи во рамките на со закон утврдените надлежности на корисникот. Греесторе Гроуп води евиденција за личните податоци кои се дадени на корисникот.

10. Субјектите на личните податоци може во секое време да го пријават секој случај на повреда на принципите за заштита на личните податоци со упатување на писмена пријава до Одговорниот за внатрешна контрола на Греесторе Гроуп.

11. Сите вработени во Греесторе Гроуп се должни, во согласност со законската регулатива и интерните акти на Греесторе Гроуп, да се грижат за заштитата на личните податоци. Вработените во Греесторе Гроуп се должни да го пријават секој случај на повреда на заштитата на личните податоци до непосредните раководители, кои веднаш за нарушувањата го известуваат Одговорниот за внатрешна контрола и Одговорниот за сигурноста на информативниот систем.