Двостепен инвертер компресор
Единицата е опремена со двостепен компресор, Инвертерска технологија за aвтоматско подобрување на енергетска ефикасност, технологија на размена на топлина, паметно снабдување со гас и технологија со двојна енталпија.
Работна Температура до -25°С
Широк опсег на работа, од -25°С ~ +45°С надворешна температура. Топлата вода одсега ке Ви биде достапна во било кое време и било кој период од годината.
Единицата содржи високо ефикасен разменувач на топлина. Спиралната цевка на изменувачот е поставена од внатрешната страна на резервоарот и ја загрева водата од долу кон горе и одржува константна температура на водата.
Паметно снабдување со гас и технологија за додавање на топлински капацитет.
Единицата одредува дали снабдувањето со гас и додавање на топлински капацитет е потребно според надворешната температура и работната состојба со што го контролира волуменот на циркулирање на разладниот флуид.
Безбеден и доверлив
Водата е одвоена од струјата. Преку работната фрекфенција на компресорот и електронската контрола на вентилот, системот е безбеден и доверлив и може да работи ефикасно под широк опсег на работни услови.
Висока енергетска ефикасност
Според ЕУ стандарди стапката за енергетска ефикасност е 3.17, или водата ја загрева со 3.17 пати помала потрошувачка на електрична енергија. А тоа значи дека топлата вода ке ја добивате со 3 пати помали трошоци и ке Ви биде достапна во секое време Вам и на најмалите.